Ердоган:Целта е до крајот на 2023 да не оставиме ниеден терорист во земјата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул изјави дека целта на неговата земја е да не остави ниту еден терорист со крвави раце во нејзините граници до крајот на 2023 година.

Ердоган се обрати пред граѓаните собрани на митингот во Санџактепе во Истанбул, а говореше и за борбата против тероризмот.

Истакнувајќи дека терористичката организација во рамките на границите ја довеле до исцрпеност, Ердоган рече:

„Наша цел е да не оставиме ниту еден терорист со крвави раце во Турција до крајот на 2023 година, стотата годишнина од нашата Република. Исто така, нема да дозволиме овие никаквеци да дишат надвор од нашите граници“, изјави Ердоган.

ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористичките групи во Туркије, ЕУ и САД. Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија над 40.000 луѓе.

ИЗВОР: ТРТ БАЛКАН