Уапсениот Чомбе бил оженет со најубавата жена мафијаш: Валентина во проѕирна спаваќа им ја отворила вратата на полицијата (ФОТО)

Љубиша Линдо или Чомбе е уапсен во рамките на акцијата „Изи“, организирана во соработка со полицијата и Обвинителството за организиран криминал. Со координација на Европол и Европравда, во Србија беа уапсени 13 членови на организирани криминални групи кои функционираа како „Балкански картел“. Полицијата се сомневаа дека тие се обиделе да прошверцуваат најмалку седум тони дрога, а за само една пратка во февруари минатата година договориле исплата од 4,5 милиони евра.

Линдо одамна и’ е познат и на полицијата и на јавноста, бидејќи е осуден за организирање криминална група која имала најголема фабрика за производство на синтетичка дрога во Европа.

Тој еднаш беше во брак со Валентина, која во медиумите беше етикетирана како „најубавата жена мафијаш“ во 1990-тите.

Валентина во јавноста се појави само еднаш и тоа во 2002 година кога на прес-конференција застана во одбрана на Љубиша.

Уште од тоа време се шири приказна како Валентина се појавила пред полицајците кои упаднале во нивната луксузна куќа во Лештани само во проѕирна спаваќа.

Валентина и Љубуша се разведоа, а од бракот имаат две деца – Лука и Сара.

Таа го напуштила Чомбе, но останала во кругот на мафијата, бидејќи отишла во прегратките на водачот на Кварташкиот клан Никшиќ Радомир Баќовиќ, познат како Бобан.

Баќовиќ и’ подари на Валентина една од најлуксузните агенции за изнајмување во Белград. Така ја „преболела“ луксузната куќа на Чомбе со базен.

Наводно, Валентина била во врска и со уште еден ,,жесток” тип, Зоран Бранковиќ Лепи.