8 минути крвава борба за женката! Погледнете ја пресметката на 2 џиновски гризли во Алјаска! (ВИДЕО)

Фотографот на дивиот свет Бред Џозефс снимил жестока борба меѓу две огромни гризли на Алјаска.

Џозефс снимаше животни во Националниот парк и резерватот Лејк Кларк во јужна Алјаска кога забележа две гризли кои се подготвуваат за тепачка за време на сезоната на парење.

Борбата, сепак, не била рамноправна, бидејќи еден мажјак е поголем и постар, додека другиот е помал и помлад. Џозефс ја постави снимката од борбата со мечките на својот канал на Јутјуб, каде што веќе има повеќе од 315.000 прегледи.

– ,,Не сакаа да престанат. Бев воодушевен од решителноста и издржливоста на двете мечки додека се бореа за правото на доминација во сезоната на парење” – изјави Џозефс и додаде дека 25 години работа не видел ништо слично.

Видеото трае скоро девет минути и започнува со двајца мажјаци кои стојат на задните нозе и се борат еден против друг. За момент можете да видите како земаат здив пред да започне вториот круг.

На крајот од видеото, една од мечките го признава поразот и си оди со наведната глава.

– ,,Губитник е гризли лево. Се гледа дека ја наведна главата како да сака да каже „извини“. Победникот ќе си замине. Губитникот ќе остане” – објаснува Џозефс во видеото.

Гризли може да бидат високи и до 2,7 метри кога стојат на задните нозе. Мажјаците можат да тежат до 390 килограми.

Сезоната на парење на мечките обично трае од мај до јули и не е невообичаено поголемите мажјаци да ги избркаат помалите додека мажјаците со слична големина ќе се борат за доминација. Алјаска има најголема популација на гризли на континентот. Од 60.000 диви гризли мечки пронајдени низ Северна Америка, речиси половина се наоѓаат во Алјаска.