Ердоган ги повика на воздржаност страните поврзани со настаните во Израел

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, во врска со последните настани во Израел, ги повика страните да се држат што подалеку од чекори кои водат кон понатамошна ескалација.

„Туркије во врска со последните настани во Израел, ги повикува страните на воздржаност и да се држат што подалеку од чекори кои водат кон понатамошна ескалација“, рече Ердоган на 4. вонреден конгрес на Партијата за правда и развој (АК партија) што се одржува во главниот град Анкара.

Бригадата Изедин Касам, военото крило на Хамас, рано утринава објави дека ја започнала операција „Aqsa Flood“ против Израел и извршила ракетни напади врз Израел од блокираниот Појас Газа. Операцијата е започната како одговор на израелските воздушни напади.