Ердоган: Се надевам на нова ера во односите со Грција

 – Претседателот на Турциј Реџеп Таип Ердоган, денес изрази надеж за нов почеток во билатералните односи со Грција.

За престојната посета на Грција, закажана за 7. декември, претседателот на Турција рече:

„Се надевам на почеток на нова ера (меѓу двете земји). Се обидуваме да стекнеме повеќе пријатели, а помалку непријатели“.

„Ќе патувам во Атина со пристап со кој сите добиваат. Таму ќе разговараме и за нашите билатерални односи и за односите на Турција и Европската унија, за да донесеме одлуки достојни во духот на новата ера“, рече Ердоган обраќајќи им се на новинарите во претседателскиот авион на враќањето од Дубаи, каде присуствуваше на Климатскиот самит COP28.

Напоменувајќи ја близината и испреплетената историја на двата народи, Ердоган рече дека негувањето на непријателство не е конструктивно.

Турскиот претседател изрази подготвеност да започне нова ера, да ги исполни ветувањата и да развие односи без надворешни влијанија.

Зборувајќи за надворешните влијанија, Ердоган рече дека САД ѝ испорачуваат воена опрема на Грција, додека и ја ускратуваат сличната поддршка на Турција.

„Иако ние плативме за нив, не ни даваат Ф-16, додека продолжуваат да испраќаат Ф-16 и муниција во Грција. Тоа не значи дека треба да се откажеме само затоа што САД го прави тоа. Ќе ја посетиме нашата соседна земја, ќе седнеме и ќе разговараме“, рече Ердоган.

Турција упати барање до Вашингтон во 2021 година за купување на 40 авиони од моделот Ф-16 и комплети за нивна модернизација. Стејт департментот неформално го извести Конгресот за потенцијалната продажба.

За средбата во Грција, Ердоган рече дека се залага за дипломатски пристап, истакнувајќи дека, како соседи, Турција и Грција, можат да се вклучат во дијалог без загрозување на меѓусебните интереси.

Тој призна на постоечките разлики меѓу двете земји, но го истакна потенцијалот за соработка на заемно корисни теми.

Грчко-турскиот совет за соработка на највисоко ниво ќе се одржи во Атина на 7. декември.