Ердоган: Ставот на Туркије за руско-украинската војна фер и балансиран

„Бевме домаќини на претседателот на Украина, Зеленски, во Истанбул. Веќе одржуваме близок дијалог со (рускиот претседател Владимир) Путин. Во август ќе се сретнеме и со Путин, се надевам“.

Ставот на Анкара за руско-украинската војна е „фер и балансиран“, рече денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, укажувајќи на континуираните контакти со лидерите на двете страни.

„Како Туркије, зазедовме фер и балансиран став во војната помеѓу Русија и Украина… Додека ги зајакнувавме нашите односи со Украина, не дозволивме да се влошат нашите односи со Руската Федерација“, рече Ердоган на настан во североисточната турска област Бајбурт.

Изјавата следуваше еден ден по посетата на украинскиот претседател Владимир Зеленски на Истанбул на која се разговараше за билатералните односи, како и за регионални и меѓународни прашања, меѓу кои најновите случувања во војната со Русија, Договорот за транспорт на жито преку Црно Море и напорите за мир и стабилност во регионот на Црно Море.

„Вчера бевме домаќини на претседателот на Украина, Зеленски, во Истанбул. Веќе одржуваме близок дијалог со (рускиот претседател Владимир) Путин. Во август ќе се сретнеме и со Путин, се надевам“, рече Ердоган.

Тој посочи и дека Анкара работи на ограничување на негативните ефекти од руско-украинската војна врз себе.

Туркије, која е пофалена на меѓународно ниво за нејзината улога на посредник меѓу Украина и Русија, постојано апелира до Киев и Москва да стават крај на војната преку преговори.