ЕУ ги суспендира санкциите

Европската унија нема да ги обнови санкциите против тројца руски бизнисмени.

Санкциите нема да бидат обновени кога ќе истечат наметнатите казнени мерки кон крајот на оваа недела, објави денеска Ројтерс, повикувајќи се на три дипломатски извори.

Станува збор за бизнисменот Григориј Березкин, милијардерот Фархад Ахмедов и поранешниот шеф на руската компанија за е-трговија Озон Александар Шулигин.

Од списокот со санкции ќе биде отстранет и рускиот генерал Георги Шуваев, кој почина минатата година.

Западните влади воведоа обемни економски санкции кон Москва поради нејзината инвазија на Украина минатиот февруари, вклучително и забрана за увоз на руска нафта.

На ЕУ и треба едногласност од сите 27 земји-членки на блокот за воведување санкции, кои се обновуваат на секои шест месеци, а сегашната серија мерки истекува на 15 септември.

Досега, речиси 1.600 физички лица и повеќе од 200 ентитети се на списокот со санкции на ЕУ, кој датира од 2014 година кога Русија го анектираше регионот на Крим од Украина.