ЖЕНА ГО ЗАБОРАВИЛА МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН ВО КАФУЛЕТО, ПА И ПРОНАШЛЕ СТРАШНИ СНИМКИ: Полицијата веднаш ја уапсила

Сопственичката на мобилниот телефон од Флорида му се јавила на келнерот да провери дали нејзиниот мобилен е таму. Таа му ја даде и шифрата. Го отклучил мобилниот телефон и во истата секунда повикал полиција.

Жената монструм завршила во притвор поради детска порнографија.

Кога истражителите го прегледале телефонот во кој ги пронашле одвратните слики од детска порнографија, забележале дека жената што го држи мобилниот има виолетова лак за нокти. Токму тоа го имала 37-годишната Ешли Линч од Јупитер, Флорида во моментот на апсењето, а сега е во притвор со кауција одредена од 135.000 долари. Уапсена е откако келнер и го пронашол мобилниот телефон кој го заборавила.

Му се јавила и прашала дали случајно го оставила мобилниот во кафулето. Му дала и шифра по што тој го отклучил телефонот за да провери дали кодот е точен и дали таа е вистинскиот сопственик. Тоа што го видел на телефон го згрозило. Веднаш повикал полиција, но не и рекол ништо на жената. Полицијата прво морала да побара налог за отворање на телефонот, кога го добила, ја привеле и го пребарале телефонот. Нашле вознемирувачка содржина на неа кај деца на возраст од 6 години!

На телефонот имало и фотографија од нејзината возачка дозвола, како и фотографија од виолетов лак за нокти, идентичен со оној на лицето кое ги правело одвратните снимки.