Жена и две деца повредени откако автомобил излета од автопатот во близина на „Богородица“

Србинка и две малолетнички се повредени откако автомобилот со кој се превезувале вчера вечерта излетал од автопатот А1 во близина кај Граничен премин Богородица.

-Патничко возило „сузуки“ со српски национални ознаки, управувано од Д.Д.(58) од Република Грција, со живеалиште во Република Србија, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.К.(45) и една малолетна сопатничка, додека со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, сите од Србија, констатирани во болницата во Гевгелија, велат од МВР.