ПУТИН ПОРАЧА: „Имаме доволно залихи на касетни бомби, ако не нападнат, ЌЕ ВОЗВРАТИМЕ СО ИСТА МЕРКА“ (ВИДЕО)

Путин вели дека неговата земја го задржува правото да возврати додавајќи дека Москва има доволно резерви на различни видови касетна муниција
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека испораката на касетна муниција од Вашингтон во Украина треба да се третира како злосторство.

„Самата администрација на Соединетите Американски Држави (САД) употребата на касетна муниција пред извесно време ја нарече злосторство. Мислам дека тоа треба да се третира на тој начин“,рече Путин.
Путин додал дека неговата земја го задржува правото да возврати додавајќи дека Москва има доволно резерви на различни видови касетна муниција.

„Досега не сме го направиле тоа, не сме го користеле ниту сме имале таква потреба и покрај познатиот недостиг во одреден временски период. Но, се разбира, ако тие се користат против нас – го задржуваме правото да возвратиме“,вели Путин.
Тој смета дека САД ја снабдуваат Украина со касетна муниција поради општиот недостиг на муниција.

„Украинската армија троши од 5 000 до 6 000 гранати дневно за воени дејствија, додека САД произведуваат 15 000 месечно. Немаат доволно, и Европа веќе нема доволно“, вели тој.
Касетните бомби се забранети во повеќе од 100 земји поради опасноста што ја претставуваат за цивилите. Овој тип вооружување ослободува многу помали бомби кои можат неселективно да убијат на релативно широк простор. Неексплодираните бомби може да стојат на терен со години, а потоа да се активираат.

Дел од американските сојузници против одлуката на Вашингтон на Украина да ѝ достави касетна муниција
Претседателот Џо Бајден изјави дека разговарал со сојузниците за одлуката, која била дел од пакетот воена помош вреден 800 милиони долари. Тој рече дека му требало некое време самиот да се убеди тоа да го направи тоа, но дека го презел чекорот затоа што на Украинците им снемувало муниција.