ЖЕНИ ЦЕЛОСНО „ОДЛЕПИЈА“ ПО РЕПОРТЕРОТ НА РТС: Се крена голема прашина на мрежите – еве кој е Игор Топаловиќ кој предизвика прашина
Репортерот на РТС, Игор Топаловиќ во неделата се појави на малите екрани, а на социјалните мрежи се крена голема прашина.
Неговите фотографии не престануваат да кружат, а припадничките на понежниот пол целосно „одлепија“ по него.
Имено, на социјалната мрежа Твитер една корисничка објавила своја фотографија додека известувал од белградските улици, а во таа прилика рекла дека повторно ќе почне да гледа телевизија токму поради Игор.
-Повторно ќе почнам да гледам телевизија – гласеше коментарот на корисникот на гореспоменатата социјална мрежа.
Инаку, Игор е многу активен на својот Инстаграм профил каде секојдневно објавува фотографии од приватниот живот.
Како што можеме да видиме од прилогот, тој е љубител на авиони, риболов, патувања и често ги израдува своите следбеници со фотографии од неговите авантури.