Жерар Депардје ја распродава својата уметничка колекција

Францускиот актер Жерар Депардје продава дел од својата уметничка колекција, а околу 250 дела во сопственост на француската филмска ѕвезда ќе се најдат на аукција во Париз во вторник и среда.

Се очекува да бидат понудени скулптури од Огист Роден, уметникот што го толкува Депардје во филмот со актерката Изабел Аџиани и слики и цртежи на Пабло Пикасо, Жорж Брак, Фернанд Леже и Александар Калдер.

Едно од клучните парчиња на аукцијата е бронзената скулптура на скулпторот Жермејн Ришиер, чија вредност се проценува на 800.000 евра. Аукциската куќа Drouot очекува вкупен приход меѓу три и пет милиони евра.