ЗАВРШИЛА ВО КОМА НА КОНЦЕРТ, СЕГА СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ! Страшна сцена – паднала и се здоби со тешки повреди!
Жената која паднала на концертот на Роби Вилијамс е во критична состојба!
Во последно време често сме сведоци дека на некој му се слошува, па дури и умира на концерт на локални музички ѕвезди. Слична е ситуацијата и со странските земји. Седумдесетгодишна жена колабирала на неодамнешниот концерт на Роби Вилијамс и моментално е во кома. Таа се бори за живот откако паднала низ шест реда седишта за време на концерт.
По падот, несреќната жена во критична состојба е префрлена во болницата „Свети Винсент“, бидејќи при падот се здобила со повреди на главата и лицето. Инцидентот се случил на настапот на Роби во Австралија.
„Синоќа бевме на стадионот Алијанц. Бевме повикани поради седумдесетгодишна жена која падна, и која имаше сериозни повреди на главата и лицето. Ја однесовме во болница во критична состојба“, рекол портпаролот.
Според извештаите, таа сакала да се искачи малку повисоко за да добие подобар поглед, а потоа се лизнала, пренесува DailyMail. Портпаролот на стадионот на кој се одржа концертот ја потврди веста: „Ова е ужасно тажен инцидент, а нашите мисли и желби се со повредената жена и нејзиното семејство во овој момент“, објавија австралиските медиуми.