Заврши денешната седница на собраниската Анкетна комисија за случајот со Онкологија

 Вечерашната седница на собраниската Анкетна комисија за случајот со Клиниката за онкологија, заврши по испрашувањето на Ефтим Насков, главен внатрешен ревизор во Фондот за здравствено осигурување и Маја Парнарџиева Змејкова, директорка од август 2009 до февруари 2015 година на Фондот за здравствено осигурување, со прекин поради породилно отсуство.

Тие одговараа на пратенички прашања околу скандалот со Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Одлука за формирање Анкетна комисија беше донесена на 20 септември, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на оваа клиника, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка.

Наводите за злоупотреба на лекови на клиниката, предизвикаа реакции во јавноста и низа протести.