Заврши испрашувањето на монструмот: 4 часа одговараше на прашања за оружјето со кое ги убил децата: Родителите на жртвите го следеа сето тоа (фото)

Штотуку заврши сослушувањето на момчето убиец кое на 3 мај уби девет врсници и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Како што пишуваат српските медиуми, адвокатите кои ги застапуваат семејствата на убиените, како и тројца родители излегле од судницата каде била воспоставена видео врска со психијатриската установа во која престојува момчето.

– На рочиштето присуствуваа адвокатите на семејствата, тројца родители од две семејства, адвокатот на таткото на момчето, како и обвинителот на Вишото јавно обвинителство, кој го водеше испитувањето.

Момчето било сослушано преку видео врска и одговорило на сите прашања во врска со постапката против неговиот татко за тешко кривично дело против општата безбедност – потврдија од таму.

Сослушувањето траеше четири часа. Родителите на жртвите видно потресени ја напуштија судницата.

Адвокатот Зора Добричанин Никодиновиќ, која застапува едно од семејствата, потврди дека момчето е сослушано преку видео врска и дека распитот е завршен.

По излегувањето од судницата, адвокатот кој го застапува таткото на момчето-убиец изјави дека момчето го потврдило тоа што неговиот татко го кажал претходно за време на рочиштето.

– Момчето во текот на рочиштето го потврди тоа што таткото претходно го изјавил и објаснил за начинот на кој таткото чувал оружјето. Тој изјавил дека татко му првиот пат не му дозволувал да има контакт со оружјето.

Малиот психопат изрази каење за сè што направи – изјави адвокатот.