Запознајте го најстариот бодибилдер на светот: Во доцните деведесетти изгледа подобро од многу млади мажи

Посветеноста е нешто што секогаш дава најдобри резултати.

Кога некој ќе спомне бодибилдинг, првото нешто на што повеќето луѓе помислуваат се луѓето во 30-тите или 40-тите години, главно на стероиди, чии тела изгледаат подалеку од она на што сме навикнати. Секогаш има исклучоци, но и крајности.

Во 2015 година, Џим Арингтон беше признат во Гинисовата книга на рекорди како најстар бодибилдер во светот. И денес човекот кој ги поминува последните денови од својата деветта деценија од животот и кој во септември ќе наполни 91 година не се откажува од својата професија

Во интервјуто кое го даде само за Гинис, тој истакна дека не гледа многу позитивно во тоа што на оваа возраст изгледа вака.

– Кога ја гледам оваа фантастична физичка форма, свесен сум дека тоа беше можно само ако ги надживеам повеќето луѓе. И токму тоа го направив“, рече Арингтон.

Овој убав човек 70 години оди во теретана најмалку три пати неделно по два часа.

Напорната работа му овозможи дури и да позира гол во 2022 година за „Mens Health“ што наиде на различни критики. Покрај тоа, неодамна победи и на натпреварот во бодибилдинг во Рено (Невада) во категоријата над 80 години бидејќи беше единствениот натпреварувач, но беше и трет во десет години помладата категорија.

Како рецепт за успех, Арингтон изјавил дека пиел многу млеко и јадел многу месо како извор на протеини, но дека со текот на годините морал да го промени тоа бидејќи таквиот начин на исхрана често предизвикувал воспаление кај него, па сега најмногу јаде здрава храна како печурки, храна зготвена на маслиново масло и слично.