Започна! Кина го смени ставот за прашањето за Курилските острови – Пекинг ја напушти Јапонија и застана на страната на Русија?!

Кина за првпат по 60 години го промени својот став по прашањето за сопственоста на јужните Курилски острови Кунашир, Шикотан, Итуруп и Хабомаи, јавува јапонската агенција „Кјодо“, повикувајќи се на кинески дипломатски извори.

Според извештаите, за време на неговата посета на Русија, кинескиот претседател Си Џинпинг изјавил дека Пекинг не зазема никаква страна во овој спор.

Кина одлучила да ја смени својата позиција во неутрална, што укажува на нејзиниот пристап кон Москва.

Агенцијата потсетува дека во јули 1964 година, Мао Цетунг ги нарекол јужните Курили јапонска територија, и изразил мислење дека СССР треба да и’ ги врати на Јапонија. Неодамна Кина конкретно не ја прецизираше својата позиција, но ја задржа претходната – на кинеските мапи границата меѓу Јапонија и Русија минуваше меѓу Уруп и Итуруп, а четири острови беа означени како „окупирани од Русија“.

Односите меѓу Русија и Јапонија со години беа во сенка на отсуството на мировен договор, кој овие земји никогаш не го склучија по Втората светска војна. Главната пречка останува прашањето за Јужните Курили, за што тврди Токио, повикувајќи се на билатералниот „Договор за трговија и граници“ од 1855 година.

Ставот на Москва е дека островите станале дел од СССР по војната и дека рускиот суверенитет над нив е несомнен.

Во 1956 година, СССР и Јапонија потпишаа „Заедничка декларација“, во која Москва се согласи, по склучувањето на мировниот договор, да ја разгледа можноста за префрлање на Хабомаи и Шикотан во Јапонија, но не се зборуваше за Кунашир и Итуруп.

Руските власти постојано нагласуваат дека Јапонија пред сè мора да ги признае резултатите од Втората светска војна, вклучително и рускиот суверенитет над јужните Курилски острови.