Том Круз изнајмил цел кат од луксузен ресторан за романтична вечера со руската “опасна“ убавица: “Актерот треба да ги држи широко отворени очите и паричникот!“

Холивудската ѕвезда Том Круз (61 г.) наводно дал се од себе за да го освои срцето на неговата нова љубов, Елсина Каиров (36 г.), поранешна сопруга на руски олигарх.

Ѕвездата од филмовите „Mission Impossible“ наводно изнајмил цел кат од ексклузивниот ресторан „Novikov“ во Мејфер за да можат двајцата да уживаат во романтична вечера.

Том Круз, кој „тежи“ 500 милиони фунти, потрошил околу 500 фунти на вечерата, на јастози и суши, пренесува The Sun.

Том Круз изгледаше многу заљубено и внимателно го слушаше секој збор што го кажува Елсина Каиров. Изгледаа физички многу блиски. Ним им се придружил неговиот телохранител, кој влезе кога еден од вработените во ресторанот побарал фотографија со актерот. Елсина Каиров беше многу дотерана, носеше светкав фустан и црна бунда“, открил извор за британскиот таблоид.

Том Круз беше многу дарежлив и им даде бакшиш на персоналот 100 фунти, пред тој и Елсина Каиров да се протнат низ страничната врата до автомобилот што веќе ги чекаше надвор“, додал изворот за The Sun.

слика
Елсина Каиров

Да потсетиме, двојката неодамна беше видена заедно на забава со пријателите, кои коментираа дека актерот бил „пијан“ од љубов и дека не се разделил од Елсина Каиров цела вечер.

Поранешниот модел, кој е британски државјанин, претходно беше во брак 11 години со рускиот олигарх Дмитриј Цетков, со кој делеше луксузна вила вредна 22 милиони фунти, како и куќа во Лондон вредна 18 милиони фунти. Таа поседува и скапа колекција облека и чанти, од кои некои, вредни милион фунти, а дури и сокрила дел од тоа од сега веќе поранешен сопруг за време на бракоразводната постапка. Тој се пожалил дека потрошил неверојатни 10 милиони фунти за нејзината облека и уште 2 милиони фунти за чанти.

Парот исто така поседувал имот во Дубаи и Кипар, заедно со скапи автомобили, накит и уметнички колекции вредни милиони фунти.

Без разлика со кого е во врска, со Том Круз или со кој било друг, овие мажи треба да бидат свесни дека таа ги сака пофините работи во животот и има скап и луксузен вкус. Том Курз треба да ги држи широко отворени очите и паричникот“, го предупреди Дмитриј Цетков легендарниот актер и додал: „Среќен сум поради неа, ѝ посакувам се најдобро“.