Отворена постапка против Х (Твитер) за манипулирање со информации: Социјалната мрежа на Илон Маск ги прекрши правата на Европската унија !?

Во понеделникот, Европската комисија започна формална постапка против социјалната мрежа X (Твитер), поради сомневање дека не ги исполнила своите обврски од Законот за дигитални услуги (DSA), со што ги прекршила правата на Европската унија.

Новата регулатива, која стапи на сила минатиот ноември, наложува многу големите интернет платформи и пребарувачи да ја засилат својата борба против нелегалната содржина и ризиците за јавната безбедност и да ги заштитат своите услуги од манипулативни техники.

Процесот ќе се фокусира на спречување на ширењето на нелегални содржини во ЕУ, на ефективноста на мерките преземени за борба против манипулацијата со информациите, особено на системот „известувања од заедницата“ и мерките што X ги презема за зголемување на транспарентноста на својата платформа, наведува ЕК, нагласувајќи дека приоритетно ќе спроведе темелна истрага.

X, во сопственост Илон Маск, е дел од групата големи технолошки компании кои се под лупата на ЕУ поради воведените нови правила според услугите на дигиталниот закон.

Илон Маск

Европскиот комесар Тиери Бретон во октомври ги прекори X, Тик Ток и МЕТА дека не направиле доволно за да се борат против дезинформациите по нападот на Хамас врз Израел.

Законот за дигитални услуги, усвоен од Европскиот совет во есента 2002 година, е првата дигитална регулатива во светот која ги смета дигиталните бизниси низ ЕУ одговорни за содржината објавена на нивните платформи.