ДАЛИ Е МОЖНО !? Снуп Дог ги шокираше обожавателите – познатиот рапер се откажува од марихуаната !?

Познатиот љубител на марихуана и рапер Снуп Дог во четвртокот го објави незамисливото: се откажува од пушењето! 

Хип-хоп ѕвездата, чие вистинско име е Калвин Бродус, не прецизираше зошто точно се откажува, ниту дали е сериозно за тоа, но неговите објави на социјалната мрежа Инстаграм и Х (Твитер) привлекоа големо внимание.

По долго размислување и разговор со моето семејство, решив да се откажам од пушењето. Ве молиме почитувајте ја мојата приватност во овој момент“, гласеа неговите објави.

Како што пишува NBC, во коментарите на објавата на Снуп Дог на X, некои обожаватели ја поздравија оваа вест со здрава доза на скептицизам.

Патем, Снуп Дог и марихуаната беа нераскинливо поврзани во текот на неговата децениска кариера.