ФОТО | Сопругата на познат фудбалер се соблече целосно гола, а обожавателите и порачаа: “Размислуваш ли на семејството ?“

Контроверзната сопруга на англискиот репрезентативец Џејми ВардиРебека Варди, на социјалната мрежа Инстаграм објави своја целосно гола фотографија која покрена лавина од коментари. 

Џејми Варди се обидува да се врати во Премиер Лигата со Лестер, а Ребека Варди заминала на одмор во САД, и таму во Лас Вегас на балкон со поглед кон градот позира целосно гола со грб свртен кон камерата, а нејзината „жешка“ објава можете да ја погледнете ОВДЕ.

Многу обожаватели не ја одобрија фотографијата и се прашуваа која е нејзината намера со овој потег.

За потсетување, Ребека се омажи за Џејми во 2016 година, што е нејзин трет брак, а има пет деца. Нејзиниот втор сопруг беше фудбалерот Лук Фостер, а кога неговата кариера почна да опаѓа, таа најде поуспешен колега од него за нова љубов.