Започна ретрограден Меркур: Подгответе се за кавги и проблеми! Ќе биде ,,пекол” до овој датум, а овие знаци треба особено да внимаваат (фото)

Ретроградниот Меркур стапува на сила денес и завршува на 15-ти септември, а како и секогаш, без сомнение ќе донесе многу бурни денови. Девиците ќе бидат под негово најсилно влијание, особено кога се во прашање финансиите. Астролозите велат дека луѓето родени во знакот Девица може да се чувствуваат уморни во овој период, а комуникацијата исто така ќе биде под знак прашалник. Многу зборови и пораки можат да бидат погрешно разбрани, па затоа треба да бидат внимателни.

Ретроградниот Меркур започнува во Девица, знак поврзан со напорна работа, здравје, анализа и логика. Ќе има промени кои ќе бараат од вас да се вратите на почетокот и да создадете подобра организација. Ретроградниот Меркур исто така ќе остави голем белег на образованието и патувањето, бидејќи започнува на 21 степен, што всушност е степенот на Стрелец. Тоа ќе ви предизвика желба за знаење, поради што ќе сакате да се изолирате и да ги преиспитате вашите желби и обврски.

Самиот крај на ретроградниот период на Меркур носи голема промена! Тогаш можете да очекувате силни изливи на емоции и страст, а за тоа ќе придонесе 8-миот степен на Шкорпија. Ова ќе биде моментот кога ќе се соочите со тајна која може да ви го промени животот. Ако откриете некои лаги, астролозите советуваат да не очајувате. На новонастанатата ситуација гледајте како на настан во кој конечно сè ќе ви стане јасно.

Девицата може да биде под стрес, што резултира со прекумерно и самокритично размислување. Овој период може да бара од Девиците повторно да ги проценат своите цели, врски и целокупната насока во животот. За нив е од витално значење да практикуваат грижа за себе, да бидат љубезни кон себе и да бараат поддршка од своите најблиски во оваа интроспективна фаза.