Започнете го викендот со здрави навики: Витаминска бомба за посилен имунитет и повеќе енергија (Фото)

За време на сезоната на настинки и вируси, зајакнувањето на имунитетот станува приоритет . Наместо фармацевтски додатоци, пробајте природна алтернатива – моќен витамински напиток кој лесно можете да го подготвите дома, советува нутриционистката Наташа Алексиќ на Инстаграм .

Витаминска бомба за силен имунитет ви треба

  • лимон
  • портокал
  • 2 коцки ѓумбир
  • лажичка мед
  • неколку капки прополис
  • куркума на врвот на лажичка
  • малку бибер
  • чаша вода

Подготовка

Сите состојки се ставаат во блендер и се матат неколку секунди додека не се добие мазна смеса. По желба, пијалокот може да се процеди преку газа, ако пулпата ви пречи. Овој пијалок е вистинска витаминска бомба, богата со антиоксиданси и клучни хранливи материи кои го зајакнуваат имунитетот и го подобруваат целокупното здравје.

  • Лимоните и портокалите се богати со витамин Ц , кој е неопходен за зајакнување на имунитетот и борба против инфекции.
  • Прополисот  има силни антибактериски и антивирусни својства, што помага да се заштити телото од патогени.
  • Ѓумбирот е познат по своите антиинфламаторни својства, помага при детоксикација и ја подобрува циркулацијата.
  • Медот е природен антисептик и антиоксиданс, кој дополнително го зајакнува имунитетот и придонесува за здравјето на грлото.
  • Биберот ја подобрува апсорпцијата на куркумата и помага во намалување на воспалението.
  • Куркумата содржи куркумин, моќен антиоксиданс и антиинфламаторно средство одлично за здравјето на клетките и имунолошкиот систем.