Мините ќе бидат неутрализирани на 2 август
Плажата Софулар во црноморското одморалиште Шиле , недалеку од Истанбул, е затворена откако беа пронајдени 28 неексплодирани мини, соопштија властите.
– Најмалку 28 неексплодирани мини се пронајдени денеска во 10 часот по локално време. Мини биле пронајдени од нуркачи. Осум мина се извлечени на брегот за уништување – соопштија властите, пренесува турскиот телевизиски канал НТВ.
Мините ќе бидат неутрализирани на 2 август, а нуркачите продолжуваат да го пребаруваат морското дно недалеку од плажата. Полициски извор потврди за РИА Новости дека плажата Софулар е затворена.