ЗАХАРОВА ГИ ОТКРИ ПЛАНОВИТЕ НА ПУТИН Рускиот претседател постави нова задача – до крајот на годината…

Неодамна во Санкт Петербург се одржа вториот самит „Русија-Африка“.

Русија планира да биде максимално претставена преку дипломатските претставништва во Африка , изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Во услови кога вниманието на Русија кон Африка постојано расте, рускиот претседател Владимир Путин постави задача да го зајакне дипломатското претставништво на континентот, што значи отворање нови мисии и зголемување на бројот на вработени во постоечките претставништва – рече Захарова.

Како што најави таа, руските дипломатски претставништва во Буркина Фасо и Екваторијална Гвинеја треба да бидат отворени до крајот на годинава .

Да потсетиме дека неодамна во Санкт Петербург се одржа вториот самит „Русија-Африка“.