МНР ги повикува граѓаните на Македонија да ги напуштат опасните подрачја во Словенија

Министерството за надворешни работи соопштува дека поради големото невреме што ја зафати Словенија, затворени се голем број патишта и автопатишта низ државата.

„Ги повикуваме сите граѓани на Република Северна Македонија да ги напуштат загрозените подрачја, особено подрачјата околу реките. Ги повикуваме и граѓаните кои планираат да патуваат до Словенија или транзитираат низ неа, да проверат кои патишта се слободни“, се вели во соопштението на МНР.

Затоа Министерството ги повикува граѓаните на Северна Македонија, доколку се во погодените региони и имаат потреба од помош, да се обратат во Амбасадата на Северна Македонија во Љубљана на телефонските броеви: +386 1 421 00 21; +386 41 544 222 или на е-пошта: [email protected]