За брзо возење изречени 196 казни на територија на цела држава

 Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден се санкционирани 196 возачи, соопштија денеска од МВР.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 114 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 82 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.