За време на војната во Појасот Газа загинале 4.385 луѓе, во Израел 1.400

Во Појасот Газа загинаа 4.385 лица за 15 дена од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, соопшти денеска Министерството за здравство на енклавата со која управува палестинската милитантна група Хамас.

Според новиот биланс, меѓу загинатите има 1.756 деца и 967 жени.

Најмалку 13.561 лице се ранети на таа палестинска територија, која беше бомбардирана од Израел како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври.

На израелска страна, повеќе од 1.400 луѓе беа убиени, а околу 200 беа киднапирани и земени како заложници од Хамас