НА ЕВРОПА И СЕ “ПИШУВА ЦРНО“ ПОРАДИ ОВАА БОЛЕСТ – Опасноста се шири, а во една земја веќе се регистрирани многу случаји

Денга треската ќе стане голема закана во јужниот дел на САД, јужна Европа и делови од Африка оваа деценија, бидејќи потоплите температури создаваат поволни услови за комарците кои ја носат болеста, предупредува Џереми Фарар, специјалист за заразни болести во Светската здравствена организација (СЗО).

Џереми Фарар изјавил за медиумската агенција Reuters дека треба да има многу попроактивен разговор за оваа опасна болест.

Мораме навистина да ги подготвиме земјите за тоа како ќе се справат со дополнителниот притисок што ќе дојде во иднина во многу, многу големи градови“, изјавил тој.

Џереми Фарар вели дека болеста најверојатно ќе стане ендемична во делови од САД, Европа и Африка, региони каде што веќе има ограничен локален пренос, бидејќи глобалното затоплување ги прави новите области поволна средина за ширење на комарците.

Тој предупреди дека тоа ќе изврши голем притисок врз болничките системи во многу земји.

Денга треската долго време мачи голем дел од Азија и Латинска Америка, предизвикувајќи околу 20.000 смртни случаи секоја година.

Стапките на болеста веќе се зголемени за осум пати на глобално ниво од 2000 година, главно поттикнати од климатските промени, како и од зголеменото движење на луѓето и урбанизацијата.

Многу случаи не се пријавени, но 4,2 милиони случаи беа пријавени ширум светот во 2022 година, а здравствените власти предупредија дека оваа година се очекуваат рекордни нивоа на пренос.

Бангладеш моментално ја доживува својата најлоша епидемија досега, со повеќе од 1.000 смртни случаи.

Симптомите вклучуваат треска, грчеви во мускулите и болки во зглобовите, а во помалку од еден процент од случаите болеста резултира со смрт.

Не постои специфичен третман за денга, иако постои достапна вакцина.