Работниците на гигантската американска компанија за онлајн трговија денеска штрајкуваа на повеќе локации низ Европа
Глобалната протестна кампања на работниците на најголемиот западен онлајн трговец , под името „Нека плати Амазон” ќе се одржи во повеќе од 30 земји, почнувајќи од денешниот црн петок – омилениот ден за пазарење – до понеделник, јавува Ројтерс. соопштение на синдикатот Uni Global Union.
Во Германија, вториот по големина пазар на Амазон по продажба, работниците во пет центри на компанијата започнаа штрајк, барајќи колективни договори, објави синдикатот Верди.
Портпаролот на „Амазон“ во Германија смета дека работниците се соодветно платени и наведува дека почетната саатница е повеќе од 14 евра со дополнителни поволности.
Тој додава дека сите нарачки ќе бидат доставени навреме.
Повеќе од 200 работници на Амазон штрајкуваат во Ковентри, Англија, а протести ќе се одржат и во Италија и Шпанија.
Во Франција, антиглобалистичката организација Атак најави дека ќе покрие повеќе од 100 машини за пратки „Амазон“ со постери со цел да изрази протест против прекумерната потрошувачка.
Работниците на оваа компанија во Европа штрајкуваа и минатиот „црн петок“.
Апликацијата за нарачки на Amazon има повеќе од 146 милиони активни корисници во Европа.