‘ЗА ОВОЈ ЧОВЕК НЕМА ГРАНИЦИ!’ – Д-р. Сашко Кедев ‘освои’ уште еден од највисоките врвови во светот!

Нашиот најистакнат алпинист, д-р Сашко Кедев, аедно со уште десетмина планинари, се искачија на врвот Нанга Парбат (8.125 м.) на планинскиот масив Каракорум во Пакистан, јавува „Nepal News“.

Тим од петмина алпинисти од повеќе земји, како и петмина непалски шерпаси, успешно се искачија на врвот, кој е деветтиот највисок во светот.

По Нанга Парбат, д-р Кедев со истиот тим ќе се искачи и на GI и GII (Гашербрум 1 и 2), два други врва во Пакистан повисоки од 8.000 метри. По ова, тимот ќе учествува и во експедицијата на К2 (8.611 м.) – вториот врв по височина во светот.

Кедев ги има освоено највисоките врвови на сите седум континенти, меѓу кои и „покривот на светот“ – Еверест, во 2009 година. Пред две години, кардиологот го искачи и врвот Манаслу, (8.156) метри е осмиот највисок планински врв на планетата.