За понеделник, најавена е целосна блокада од јавните превозници

Од понеделник градот Скопје може да биде целосно блокиран. Јавните превозници најавија дека ќе штрајкуваат. Тие бараат Советот на Град Скопје да ја одобри субвенцијата за ЈСП за 2024 година.

„До вчера чекав да донесат одлука советниците, но најголемиот проблем доаѓа од нив, дури во 2022 година истите советници имаа проблеми со субвенциите и оваа година продолжуваат со истото, ги гласавме и тие си играат со нас“, рече Африм Муча од Независниот Синдикат.

За најавите на синдикатот, градоначалничката Данела Арсовска рече дека очекува одговорност од Советот на Град Скопје. Според неа, до Советот се доставени сите одлуки поврзани со редовното функционирање на буџетот на Град Скопје.

Засега нема информации од Советот на град Скопје дали во наредните три дена ќе се одржи вонредна седница за субвенционирањето на ЈСП. Од друга страна, во понеделник почнува втората половина од учебната година, а доколку не се донесе одлука на Советот, ќе се врати хаосот и целосната парализа на градот Скопје.