За прв пат во историјата на Премиер лигата, Манчестер јунајтед победи во натпревар во кој губеше до 90. минута

 Манчестер јунајтед испиша клупска историја во англиското првенство откако го совлада Брентфорд (2:1) во 8. коло од Премиер лигата.

За прв пат во историјата на лигата, фудбалерите на Јунајтед победија во меч во кој губеа до 90. минута.

Тимот на Ерик тен Хег вчера го спаси играчот од средниот ред Скот Мектоминај во 90+3 и 90+7 минута од натпреварот.

За „Црвените ѓаволи“ ова беше четвртата победа на осум одиграни натпревари во тековната сезона. Тие со 12 бода се наоѓаат на 10. место во премиерлигашкиот поредок.