ЗА ПРВ ПАТ ПО ЧЕТИРИ ДЕНА СЕ ОГЛАСИ И КИНА – Еве каква порака испрати по крвавиот конфликт меѓу Израел и терористите на Хамас

Кина за прв пат по четири дена се огласи по повод војната помеѓу Израел и терористичката група Хамас.

Кина повика на итен прекин на огнот и ги осуди актите што им штетат на цивилите. 

Кина е длабоко загрижена поради сегашната ескалација на тензиите и насилството меѓу палестинската и израелската страна и е тажна поради големиот број цивилни жртви предизвикани од конфликтот“, изјави Жаи Џун, специјален претставник на Кина за Блискиот Исток.

Ние се спротивставуваме и ги осудуваме дејствијата кои им штетат на цивилите и повикуваме на итен прекин на огнот“, додаде тој.