ЗА ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ЌЕ ЗАРАБОТИ 559.000 ЕВРА! Теа Таировиќ собира огромни ПАРИ – еве колку заработи за само неколку часа

Сопствениците на клубовите не жалат што ја платиле бидејќи се сигурни дека ќе направи одлична атмосфера и ќе ги исполни сите до последното столче!

Пејачката Теа Таировиќ е една од најбараните во шоуто, а за четири месеци наводно ќе заработи дури 559.000 евра.

– Во рамките на турнејата „Балканија“, Теа има закажано дури 43 настапи низ Европа и сите ќе се платат исклучително добро. Теа „крши“ на теренот, знае да направи одлична атмосфера, привлечна е, супер жежка, има хитови, и добива добар хонорар. Зема повеќе пари од нејзините колеги кои се многу подолго на сцената од неа.Теа добива во просек по 13.000 евра по настап . Со оглед на тоа што од 21 јануари до 27 мај закажала дури 43 тезги, само во тој период ќе заработи 559.000 евра – вели изворот.

 Кога лани објави нови песни, хонорарот на Теи се зголеми повеќе од двојно. Каде и да се појави ги полни клубовите и создава одлична атмосфера. Затоа газдите не жалат што добро ја платиле бидејќи знаат дека нејзините настапи се многу посетени.

– Нејзиниот хонорар не е секаде ист. На пример, кога ќе пее „овер“, може да земе 15.000 евра. Многу се бара во Хрватска, Босна, Словенија, но и во Бугарија, Германија, Швајцарија, Австрија…

Соговорникот додава дека Таировиќ го „заработува“ секое евро.

– Теа работи со голем ентузијазам и пее уште подолго од договореното со газдата. Покрај хонорарот зема и одличен бакшиш. Додека пее и танцува, обожавателите ја почестуваат со огромни пари , џабе не ја нарекуваат кралица на бакшишот – вели изворот и додава дека фолк ѕвездата сè што заработува вложува во кариерата.

– Не троши пари . Таа дава најмногу за нови песни, спотови и стајлинг.

Иако за само четири месеци ќе заработи планина пари, Теа вели дека парите не и се приоритет:

– Менаџерот често ме критикува и сака да полуди кога ќе му кажам дека парите не ми се важни. Оваа работа ја работам за љубов, но и за слава. Ме запали успехот, не бројам пари.