За 4 години преку „Мој ДДВ“ на граѓаните им се вратени 107,5 милиони евра

Директорката за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска изјави дека за четири години преку „мојот ДДВ“ на граѓаните им се вратени 107 и пол милиони евра. Од воведувањето на апликацијата досега се регистрирани речиси 538.919 корисници и оваа бројка постојано се зголемува.

Покрај бројот на корисници, Лукаревска на прес-конференција рече дека се зголемува и бројот на скенирани фискални продажни сметки и дека само лани прометот од скенирани фактури бил 178,7 милијарди денари.

Исплатата од вториот квартал, во месеците април, мај и јуни, ќе се врши во месец август. Се очекува да бидат исплатени нешто повеќе од 11,2 милиони евра.

„Мојот ДДВ е една од најдобро спроведените мерки, која дава одличен ефект и токму поради оваа причина, денеска над половина милион граѓани ја користат оваа можност да ги вратат средствата“, изјави денеска и премиерот Димитар Ковачевски