Насилни протести и во Белгија: 63 лица уапсени во Брисел

Апсењата уследија по судирите меѓу демонстрантите и полицијата во областа Анесенс, при што беа уапсени 48 малолетници.

Бројот на уапсени демонстранти во Брисел во петокот се зголеми на 63, откако протестите предизвикани од полициското убиство на тинејџер во Франција се проширија и во Белгија.

Апсењата уследија по судирите меѓу демонстрантите и полицијата во областа Анесенс, при што беа уапсени 48 малолетници.

На демонстрациите во четвртокот вечерта во центарот на Брисел, демонстрантите кршеа прозорци на автобуските станици и запалија возила.

Протести се одржаа и во Лемоние, што доведе до затворање на метро станицата.

Франција ја тресат протести од вторникот по смртта на Нахел М, кој беше убиен од полицијата во париското предградие Нантер во вторникот, откако не застана поради сообраќаен прекршок.

Француското обвинителство соопшти дека полицаецот кој го уби тинејџерот е обвинет за убиство со умисла и е ставен во истражен затвор.