“ЗБОРУВАШЕ ОСТРО, СИТЕ БЕА ИЗНЕНАДЕНИ!“ – Александар Вучиќ открива како Димитар Ковачевски го направил ‘растур систем’ Албин Курти во Атина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, посочи дека на средбата во главниот град на Грција, Атина, премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, жестоко реагирал на тоа што премиерот на Косово, Албин Курти, го направи во Тетово, пренесуваат српските медиуми.

Тој пред сите зборуваше многу остро против Албин Курти, што изненади многумина“, изјавил Александар Вучиќ по неформалната вечера организирана од премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис.

Видов кога Димитар Ковачевски многу силно му реагираше на Албин Курти за она што го направи во Тетово. Многу силно, јавно и отворено и сакам да ги замолам нашите функционери, дури и кога немаат намера, да бидат внимателни, да не им излезе ништо што би можело да биде искористено од страна на некои, за и нас да не направат исти како Албин Курти“, изјавил Александар Вучиќ за РТС.

Александар Вучиќ

Претседателот на Србија посочи дека синоќа долго разговарал со Димитар Ковачевски и му кажал дека ако било кој во Македонија се чувствува навреден за било што, иако тој лично смета дека нема причина за тоа, тогаш се извинува бидејќи, како што кажа – „Македонците се наши браќа и немаме никаков проблем со нив“.

Да потсетиме, Албин Курти неодамна беше во неформална и контраверзна посета на Тетово и на Чаир, а беа игнорирани македонските државни симболи, а во иконографијата на собирите се појави и знаме на „Голема Албанија“.