Згодна русокоса вози камион и секојдневно се бори со предрасудите: Кога ќе седне зад воланот, сите остануваат без зборови

Дејсен Хавок има армија обожаватели на TikTok, каде што редовно ги покажува своите активности, како и за нејзините деловни успеси.

Атрактивна русокоса од САД избрала професија која не е вообичаена за понежниот пол, но ја обожава и и’ носи убава заработка.

Дејзен вози камион повеќе од четири години, со одлични квалификации и споделува детали од својот живот на пат.

Таа вели дека наидува на критики и „коментари од арогантни мажи“ кои ја прашуваат како преживува без нивна помош.

Попатно открива дека често ја слуша фразата дека „возењето камион е валкана работа“, пренесува The Sun.

Во една прилика слушнала навредлива реплика: „Како воопшто стигнала до педалaте на возачкиот испит “.

И покрај сè, Дејсен продолжува да ја работи работата што ја сака, а истакнува дека заработува повеќе од 120.000 долари.

„Само колку да ги платам сметките“, рече таа еднаш.

Не нè чуди што има многу обожаватели, а девојката нагласува дека никогаш не доживеала несреќа и дава солидни референци.