Зголемен бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во мај годинава е зголемен за 0.8 отсто во однос на мај лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година,
бележи опаѓање од 2.2 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1.3 %, а во секторот Снабдување со
електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 4.0 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2023 година, во однос на мај
2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 12.1 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5.2 %,
Интермедијарни производи, освен енергија за 3.1 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.8 % и
Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.8 %.

Во периодот јануари – мај 2023 година, во однос на јануари – мај 2022 година, бројот на работници цо индустријата е зголемен за еден отсто.