Здравко Чолиќ искрено за најтешките гласини: „Ме правеа хомосексуалец, зборуваа и за силување – мајка ми го читаше сето тоа“
Легендарниот пејач Здравко Чолиќ, кој денес го слави својот 74-ти роденден, ретко зборува за приватниот живот, но неодамна отворено проговори за долгогодишните гласини што го следат.
„Сè започна со некоја приказна за силување додека бев на турнеја во Советскиот Сојуз. Потоа се проширија гласини дека сум хомосексуалец и дека сум бил лекуван во болница. Во секој град тврдеа дека тоа се случило токму таму. Мене тоа не ме иритира, но ми беше жал за мајка ми што го читаше тоа“, изјави Чолиќ.
Пејачот откри дека првата девојка ја имал дури во зрелите години и дека со сегашната сопруга, Александра, бил во врска 11 години пред да се венчаат.

„Не е лесно да се омажи ќерка за естраден уметник за кого се зборува сè и сешто“, додаде тој.
Чолиќ истакна дека никогаш не бил опседнат со материјални работи и дека најмногу ценел оданост и искреност кај луѓето.
„Во јавниот живот не можеш да избегнеш етикети и трачеви. Но, важно е да останеш свој и да не дозволиш тие да те дефинираат“, заклучи пејачот.