ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА БРУС ВИЛИС НАЕДНАШ СЕ ВЛОШИЛА: Семејството стравува од НАЈЛОШОТО! “Тој знае кој сум јас само во првите 3 минути”
Семејството на Брус Вилис ги растажи фановите на славниот актер со најновата вест за наглото влошување на неговата здравствена состојба.
Семејството на Брус Вилис објави дека здравствената состојба на актерот се влошила во претходниот период.
„Брус има добри и лоши денови, но во последните два месеци имаше многу повеќе лоши отколку добри“, изјави извор за Us Weekly, пренесува ShowBuzz.
Извор близок до актерот потврдил дека семејството се плаши „колку му останало“.
Гордон Карон, кој го посети, претходно потврди дека болеста на актерот напредувала.
“Моето чувство е дека тој знае кој сум јас само во првите три минути од разговорот. Тој веќе не зборува, порано беше страствен читател, но сега се откажа“, истакна пријател на Брус Вилис и додаде
„Сите тие јазични вештини повеќе не му се достапни. Кога си со него, знаеш дека е Брус и си благодарен што е таму, но во него нема никаква радост“.
Во тешките денови, членовите на неговото семејство се со актерот, а фотографии од семејниот дом споделија ќерката Румер и сопругата Ема Хеминг.
Потсетиме, во март оваа година, семејството на Брус Вилис објави дека на актерот му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција.