Зеленски ги посети војниците на позициите во градот Авдиивка

 – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска ги посети војниците на линијата на фронтот во градот Авдиивка во регионот Доњецк, една од централните точки на војната меѓу Москва и Киев.

„Чест ми е што сум денеска овде, покрај нашите херои“, рече Зеленски.

Од Кабинетот на украинскиот претседател соопштија дека Зеленски добил извештај од командантот на оперативно-тактичката група во регионот за актуелната ситуација.

Зеленски разговараше со војниците и им се заблагодари за сè што прават во оваа војна.

„Ви ги честитам празниците, Велигден и ви посакувам само победа – тоа што му го посакувам на секој Украинец, што е многу важно за сите нас“, нагласи Зеленски.

Тој им додели на војниците државни награди.