Зеленски го моли Западот за оружје! Бара оружје со долг дострел, а тоа му го вети чешкиот премиер (ФОТО)
Иднината на Украина е во ЕУ и НАТО, изјави денеска чешкиот премиер Петр Фијала по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Прага.
Фијала вети поголема поддршка од Чешка за Украина, вклучително и донација на повеќе воени хеликоптери, објави Ројтерс.
Зеленски рече дека на Украина и’ треба оружје со долг дострел за да се бори против руските сили.
– Без оружје со долг дострел, тешко е не само да се изврши офанзивна мисија, туку и да се спроведат одбранбени операции – рече Зеленски на заедничката прес-конференција со чешкиот премиер.
Чешка веќе му даде силна поддршка на Киев од почетокот на таканаречените „руски инвазии“.