ЗЕЛЕНСКИ: Испораката на Ф16 во Украина ќе биде сигнал дека Русија ќе загуби

Испораките на борбени авиони Ф16 за Украина ќе бидат сигнал дека Русија ќе загуби, а колку побрзо се спроведе таа одлука, толку подобро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Првиот украински Ф-16 ќе биде еден од најсилните сигнали од светот дека Русија ќе ја изгуби својата агресивна војна. Ќе биде уште послаба и изолирана“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека брзината на обуката и снабдувањето се најважните фактори за заштита на украинското небо.