Зеленски објави: „Украинските трупи…

Володимир Зеленски рече дека украинските војници кои учествуваат во контраофанзивата против руските сили постигнале напредок на јужниот фронт во текот на неделата.

Тој исто така рече дека има одредени движења во близина на источниот град Бахмут.

„Во изминатите седум дена постигнавме напредок во областа Таврије. Има напредок и во областа Бахмут“, рече Зеленски вчера за време на видео-обраќањето на неговиот Телеграм профил.

Генералштабот на украинската армија објави дека украинските сили напредуваат во различни делови на регионот Доњецк, во близина на градот Авдијевка на фронтот, како и недалеку од Клишчиивка, село во близина на Бахмут, кое се смета за клучно за повторно заземање на тој град. .