Годишната цел за заштеда на енергија за конечната енергетска потрошувачка постепено ќе се зголемува од 2024 до 2030 година.
Институциите на Европската Унија (ЕУ) се согласија во 2030 година да ја намалат конечната енергетска потрошувачка во рамки на Унијата за 11,7 отсто врз основа на таргетот за енергетска потрошувачка во 2020 година.
На преговорите реализирани помеѓу Советот на ЕУ, земјите членки на ЕУ, и Европскиот Парламент (ЕП) постигнат е договор во врска со регулативата за енергетска ефикасност.
Според тоа, конечната енергетска потрошувачка до 2030 година ширум ЕУ ќе се намали за 11,7 отсто.
Лимитот за конечната енергетска потрошувачка ќе биде обврзувачки на колективен начин за сите земји членки.
Се истакнува дека на земјите членки на ЕУ ќе им се овозможи флексибилност со цел исполнување на оваа цел.
Годишната цел за заштеда на енергија за конечната енергетска потрошувачка постепено ќе се зголемува од 2024 до 2030 година.
Земјите членки во овој период годишно во просек ќе заштедат 1,49 отсто во конечната енергетска потрошувачка. Годишната стапка на заштеда на крајот на 2030 година ќе достигне 1,9 отсто.
Јавниот сектор ќе покаже пример во дејствувањето за заштедата на енергијата.
Секоја година ќе треба да се реновираат најмалку 3 отсто од вкупната површина на зградите кои припаѓаат на јавните институции во земјите на ЕУ.
Со цел новите правила да стапат во сила, потребно е ЕП и земјите членки на ЕУ официјално да го одобрат тоа.
TRT Balkan