Земјотресите ja поместија Анадолија за 10 метри

Земјотресите активирале нова линија на расед на границата меѓу Туркије и Сирија, што предизвикало поместување на земјата до 10 метри.

Анадолија се помести за 10 метри како резултат на силните земјотреси во понеделникот што ја потресоа јужна Туркије, изјави италијански сеизмолог.

Во изјава за италијанската државна новинска агенција АНСА, Алесандро Амато од Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), рече дека земјотресите активирале нова линија на расед на границата меѓу Туркије и Сирија, што предизвикало поместување на земјата до 10 метри.

„Имаше проѕирно движење“, рече тој, додавајќи дека земјата се лизнала хоризонтално по двата рабови на раседната линија со ориентација налево, во правец на Егејското Море.

Одделно, Тина Ларсен, виш истражувач во Националниот геолошки институт на Данска и Гренланд (GEUS), рече дека потресите од земјотресот биле почувствувани во Данска и Гренланд, според Гренландската телевизија KNR.

„Кога ќе се случи таков силен земјотрес, брановите патуваат од областа каде што се случил потресот низ целиот свет“, рече таа.

TRT Balkan