Земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала се случи во Црното Море во близина на јужниот брег на Крим, изјави советникот на гувернерот на таа област Олег Крјучков.
Тој на „Телеграм“ напиша дека нема информации за потенцијални жртви или материјална штета.
„Жителите на јужниот брег на Крим пријавија земјотрес. Чекаме официјални податоци од сеизмолозите. Нема пријавени жртви или штети“, изјави Кријучков, пренесуваат медиумите.
Според него, земјотресот бил регистриран од сеизмолошката станица Алушта во 14 часот и 25 минути. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 15 километри во Црното Море, на околу 25 километри од брегот, пренесе Тас.