Знаете ли ШТО ВНЕСУВАТЕ ВО ТЕЛОТО со една конзерва маринирани САРДИНИ – Списокот е долг и ќе ве изненади

Еве што содржи една порција!

Сардините се преполни со важни хранливи материи, што ги прави врвен извор на храна, вели д-р Џош Акс. Поради високата содржина на омега-3 масни киселини, протеини, витамин Б12 и селен, сардините се многу моќни чувари на здравјето. Ако се консумираат редовно, можат да придонесат за подобрување на целиот организам, а овие се придобивките:

Една порција сардина од околу 75 грама содржи приближно:

  • 191 калории
  • 22,7 грама протеини
  • 10,5 грама масти
  • 8,2 микрограми витамин Б12
  • 48,5 микрограми селен
  • 250 единици витамин Д
  • 451 милиграм фосфор
  • 351 милиграми калциум
  • 4,8 милиграми ниацин
  • 2,7 милиграми железо
  • 365 милиграми калиум
  • 35,9 милиграми магнезиум
  • 0,2 милиграми бакар
  • 1,9 милиграми витамин Е
  • 0,2 милиграми витамин Б6
  • 1,2 милиграми цинк

1. Богати се со Омега 3 масни киселини

Сардините се еден од најдобрите природни извори на есенцијални омега-3 масни киселини во светот. Тие исто така содржат EPA и DHA, два вида есенцијални масни киселини кои телото ги користи за да го намали воспалението, што резултира со подобрување на здравјето, подобра функција на мозокот и помал ризик од хронични болести.

Истражувањата покажуваат дека јадењето храна како сардина која е богата со омега-3 масни киселини може да помогне во лекувањето на нарушувања на расположението како депресија и анксиозност. Тие исто така имаат корисен ефект врз здравјето на срцето, а докажано е дека го намалуваат нивото на холестерол и триглицериди.

2. Го штити здравјето на коските

Поради високата количина на калциум, сардините можат да ви помогнат да го одржите здравјето на коските.

3. Го штити здравјето на тироидната жлезда

Селенот и јодот се во синергија и се основниот состав на сардината. Селенот е неопходен за правилно функционирање на тироидната жлезда.

4. Го обезбедува телото со доволна количина на витамин Б12

Недостатокот на витамин Б12 може да предизвика симптоми како што се оштетување на нервите, нарушена ментална функција, тешкотии во снабдувањето на клетките со кислород и хроничен замор. Со редовно консумирање на сардини ќе го замените недостатокот на овој витамин кој е клучен за правилно функционирање на целото тело.

5. Го намалува апетитот

Многу хранлива храна која ќе ви обезбеди чувство на ситост и до неколку часа.